Направете вкусна грчка салата. Вкус кој освежува.
Состојки:
- 2 големи краставици
- 400 мл. грчки јогурт
- 2 чешни лук
- сол
- маслиново масло
- лимонов сок
Подготовка:
- Се лупат краставиците и се рендаат во сад. Потоа се става сол и се меша, па се остава покриена да стои бар 20 минути.
- Потоа, салатата се цеди, а лукот убаво се ситни да нема парчиња.
- Се става јогуртот со краставиците, се меша, се става и лукот, па масло и лимонов сок.
- Додадете си билки по вкус.
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство