Здрава посна чорба со многу витамини и минерали кои на нашиот организам ќе му дадат сила и ќе го исчистат од токсини.
Состојки:
- 1/2 кг млада зелка
- 1 свежа пиперка
- 1 главица кромид
- 1 поголем домат
- 1/2 кг тиквици
- 2 моркови
- 2 компири
- 1 мала шолја ориз
- бибер
- сол
- масло
- магдонос
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте моркови исечкани на кругови, па кога и тие малку ќе се пропржат додајте сечкана пиперка, а потоа млада зелка исечкана на коцки.
- Потоа додајте тиквици и компири на коцки и налијте вода, па гответе за зеленчукот да се зготви.
- Пред крајот на готвењето, додајте ориз, сол, бибер и на крај магдонос. Гответе уште 5-6 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт