Мусака од зеленчук со сланина

Мусака од зеленчук со сланина

Збогатете ја трпезата со уште едно вкусно гурманско јадење…

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 4 моркови
  • 1/2 коцка за супа
  • 3 јајца
  • 2 дл павлака за готвење
  • 100 гр рендано трапист сирење
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • сол
  • бибер
  • малку путер или масло за намастување

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги компирите и морковите на кругови. Гответе ги 15 минути во вода во која сте ставиле половина коцка супа. 
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени. Разматете јајца, павлака, трапист, малку сол и бибер. 
  3. Во плех редете половина од зготвениот зеленчук, малку посолете, па прелијте со половина од разматениот сос од јајца, павлака и трапист. 
  4. Повторете и прелијте со сос и од горе ставете парчиња сланина. Печете околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text