Летна тава која мами воздишки. Вкусен ручек за децата и за вас.
Состојки:
- 150 гр. кељ
- 1 тиквичка
- 2-3 лажици магдонос
- 4 јајца
- 1 кромид
- 3 чешни лук
- 1 шолја млеко
- 1 лажица брашно
- ½ шолји сланина
- малку бибер
- сол
- маслиново масло
Подготовка:
- Се мие кељот се вари со малку сол околу 7 минути, па се цеди.
- Се сече ситно.
- Во тава се става масло и ситно сечен кромид, па сланината ситно сечена, па лукот.
- Се пржи заедно 3-4 минути.
- Се додава и кељот ситно исечен, се додава и ренданата тиквичка.
- Се вари околу 10 минути.
- Се додава и брашно и се остава малку да се пропржи, со постепено додавање млеко , по што ќе стане густ ручекот.
- Ставете и зачини и магдонос и мешајте.
- Нека се олади, па ставете ја во подмачкан плех на 180 степени околу 40 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт