Овој десерт сите го сакаат, се подготвува лесно, а идеален е за неискусни во кујната.
Состојки:
- 1 пакување обланди
- 400 мл вода
- 400 гр шеќер
- 100 гр чоколадо за готвење
- 300 гр мелени бисквити
- 125 гр маргарин
Начин на подготовка:
- Шеќерот и водата зовријте ги. Тргнете од оган, додајте маргарин и издробено чоколадо. Потоа додајте и мелени бисквити, па сè соединете. Филувајте ги обландите со млак фил.
- Поклопете со тацна (да не биде претешко), па оставете филот да стегне. Добро изладете, па сечете на парчиња.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди