Направете вкусно мелено месо со зеленчук, ручек за 30 минути на маса.
Состојки:
- 500 гр. компири
- 300 гр. мелено месо
- 4 лажици масло
- 1 кромид
- 1 пиперка
- 1 морков
- сол бибер
- магдонос
- 1 чешне лук
- црвен пипер
Подготовка:
- Ситно се сече лукот со пиперка и излупениот морков, па се пржат на загреано масло, а потоа се додава меленото месо, со зачини и малку црвен пипер, па се динста 10 минути.
- Се додава и пасираниот лук и се трга на страна.
- Се лупи и компирот се сече на кругови.
- Се става во тава со капак, две лажици масло, па се става компирот да омекне, а потоа се додава и месото.
- Се става и магдонос.
- Послужете.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи