Направете посна салата со шампињони на грчки начин.
Ова е рецептот за неа:
Состојки:
- 500 гр. шампињони
- 2 дл. бело вино
- 1 дл. маслиново масло
- ½ сок од лимон
- ловорови листови
- сол
- магдонос
- бибер
Подготовка:
- Се сечат печурките на подебели листови, се става вино со чаша вода во тава и лимонов сок и масло, ловоров лист и сол и бибер, па се состава да проврие, а потоа се додаваат печурките и се оставаат десет минути.
- Се трга и се оставаат да се ладат во вода, се цедат и ставаат на чинија со зачини и магдонос.