Деликатес: Посна пица која ќе ја правите и кога не постите

Деликатес: Посна пица која ќе ја правите и кога не постите

За сите кои периодов постат, направете посна пица за сите сетила.

Состојки.

  • 1 тесто за пица
  • ½ кг. спанаќ
  • 1 лажиче копар
  • ¾ шолји маслинки црни
  • 1 чешне лук
  • ¾ шолји масло
  • бибер
  • сол

Подготовка:

  1. Се мие спанаќот и се ообарува кратко во врела вода, па убаво се цеди.
  2. Се вадат семките од маслинките и се сечат на кришки.
  3. Се пржи лукот на масло за да прими мирис.
  4. Се трга лукот од маслото, а во маслото се ставаат маслинките со спанаќ и  со зачини и се меша се и се крчка малку.
  5. Се става на тестото за пица филот од спанаќ и се пече на 200 степени 20 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

 

singlepost_text