Бурек без кори готов за брзо време: Вкусен и кога ќе се олади

Бурек без кори готов за брзо време: Вкусен и кога ќе се олади

Направете бурек без кори, нешто вкусно, ново, посебно и деликатесно.

Состојки:

  • 300 гр. мелено месо
  • 2-3 главици кромид
  • 4 јајца
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја јогурт
  • 12 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • бибер
  • масло за тепсијата

Подготовка:

  1. Кромидот ситно се сече, се меша со меленото месо, јајцата, јогуртот и млекото со зачини.
  2. Се додава брашното измешано со прашок за пециво, па убаво се меша смесата и соединува.
  3. Се става во добро подмачкан плех со масло, најубаво округол.
  4. Се пече на 200 степени околу 45 минути.
  5. Се сече и сервира, вкусно е и топло и ладно.

 

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее