Пилешки батаци со праз

Пилешки батаци со праз

За следниот ручек ви предлагаме вкусни пилешки батаци со праз…

Состојки:

  • 2 батаци и карабатаци
  • 50 мл масло
  • 4-5 пиперки
  • 1 поголем праз
  • 2-3 домати
  • зачини
  • сол

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз исечкан на кругови, па додајте исечкани пиперки. Кога убаво ќе омекнат, додајте излупени домати, зачини и сол. 
  2. Пилешкото издинстајте го во тенџере со малку масло па на крај запечете го и пред да биде готово додајте го во пржените пиперки и праз. Оставете да се динстаат заедно неколку минути. 
  3. Послужете со пире од компири.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text