Што мислите може ли да се направи пица од тестенини?
Можеби во Италија не се спојуваат овие две намирници, но со мал експеримент ние ќе направиме деликатес.
Подготовка:
- 200 гр. тестенини
- 300 гр. кечап
- 2 дл. кисела павлака
- 2 јајца
- 8 парчиња пилешка шунка
- 150 гр. кашкавал
- 2 лажички оригано
- 50 мл. маслиново масло
- малку сол
Начин на подготовка:
- Тестенините се варат во солена вода, па се цедат и се става маслиново масло, па се ставаат на хартија за печење и се распоредуваат тестенините.
- Се мешаат во сад кечапот со киселата павлака и јајца, па се премачкуваат макароните со оваа смеса.
- Се ставаат парчињата салама горе, па се ренда и кашкавалот.
- Се пече на 200 степени додека не порумени.
- Се вади од рерна кратко, се ставаат сол и оригано и се враќа уште малку.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: