Шешири полнети со вкусен фил од крем сирење и пармезан – гастрономско уживање во мали залаци.
Состојки:
- 12 шампињони
- 1 лажица масло
- 1 лажица иситнет лук
- 220 гр крем сирење
- 50 гр пармезан
- малку бибер
- кромид во прав
- кајенски бибер
Начин на подготовка:
- Рерната вклучете ја на 180 степени. Измијте ги добро шампињоните, исушете ги и отстранете ги дршките. Дршките потоа ситно исечкајте ги.
- Загрејте масло во тава на умерена температура. Додајте лук и исечкани дршки и пржете додека течноста не испари, водејќи сметка лукот да не изгори.
- Кога пржениот лук и печурки ќе се изладат, измешајте крем сирење, пармезан, бибер, кромид во прав и кајенски бибер. Би требало да добиете многу густа смеса.
- Со лажица наполнете капачињата печурки со фил, а потоа полнетите печурки наредете ги на намастен плех (можете наместо масло да користите и хартија за печење).
- Печете околу 20 минути во загреана рерна.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи