Домати полнети со ориз

Домати полнети со ориз

Подгответе вкусно и едноставно јадење – домати полнети со ориз!

Состојки:

  • 6 домати
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • 200 гр варен ориз
  • 250 мл вода
  • 200 гр домати од конзерва
  • пармезан

Начин на подготовка:

  1. Доматите измијте ги, исчистете ги, отсечете ги врвовите и издлабете ја средината и иситнете ја. Еден час пред готвење потопете го оризот. 
  2. Исечкајте кромид и пропржете го на тава заедно со лукот и динстајте додека не биде готово. 
  3. Додајте иситнети домати и ориз и динстајте додека не ја впие течноста. Додајте 150 гр домати од конзерва и зачини по желба. 
  4. Доматите полнете ги со динстан ориз и прелијте ги со остатокот од доматите. Печете 40-тина минути во рерна загреана на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text