Летото е период кога сите слабееме и сакаме да бидеме фит, ни треба лесна храна, оброци кои се без печење, полни витамини и лесно се прават.
Ова е рецепт за освежителна туна салата.
Состојки:
- 1/2 главици зелка
- 2 моркови
- 2 млади лукчиња
- 1 пиперка
- 2 домати
- 1 конзерва туна
- зачини
Начин на подготовка:
- Прво се лупи и ренда морковот, се сече ситно и зелката, лукчето се ситни, а пиперката и доматите измиени се сечат на коцки.
- Се ставаат зачини по избор, па се ставаат во сад, додајте туна и измешајте.
- Декорирајте по желба со магдонос, оладете и послужете.
- Не се додава масло, доволно е тоа од туната.
- По желба може и да си додавате продукти, зеленчуци или некој млечен производ.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт