Вакви палачинки не сте јаделе: Се прават од тиквички, супер за со тартар или јогурт

Вакви палачинки не сте јаделе: Се прават од тиквички, супер за со тартар или јогурт

Кога сме кај појадокот сите сакаме нешто убаво и вкусно, ново и различно кое сите ќе ги воодушеви.

Ви нудиме супер појадок, палачинки од тиквички какви што не сте јаделе.

 

Состојки.

  • 400 гр. рендани тиквички
  • 1 лажица магдонос сечен
  • 1 јајце
  • 100 мл. млеко
  • 6 лажици пченично брашно
  • 6 лажици брашно
  • ½ прашок за пециво кеси
  • сол и бибер и масло за пржење

 

Подготовка:

  1. Се рендаат и посолуваат тиквичките, па се оставаат да отстојат малку.
  2. Се ставаат двата вида брашно во чинија, прашок за пециво и зачини па се меша.
  3. Се цедат тиквичките, се додава во нив магдонос, јајце и млеко и се додава и брашното постепено со мешање, па се добива смеса погуста од вообичаената за палачинки.
  4. Се става масло на тава и се загрева, се става со лажица од смесата и се прават палачинки кои се пржат од двете страни да бидат рамномерни.
  5. За секоја палачинка ви треба лажица масло за пржење.
  6. Супер се за со јогурт, павлака или тартар.

Повеќе вести на Готви.мк:

Ред тиквички, шунка – деликатес кој крчка

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт