Солени палачинки кои морате да ги пробате!
Состојки:
- 400 гр брашно
- 1/2 л млеко
- 1 јајце
- 200 гр бело сирење
- 100 гр кајмак
- масло
- сол
Начин на подготовка:
- Од јајце, брашно, малку сол и млеко направете тесто за палачинки.
- Палачинките пржете ги во тава на врело масло од двете страни.
- Готовите палачинки филувајте ги, свиткајте ги во ролни, редете ги една покрај друга на плитка чинија и послужете ги додека се топли.
- За филот добро изгмечете сирење, додајте кајмак и сè повторно добро изгмечете, посолете по вкус и измешајте така што ќе добиете изедначена маса.
- Филувајте ги палачинките и послужете ги топли со сезонска салата.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула