Шарена куглоф штрудла по бабин рецепт (Видео)

Шарена куглоф штрудла по бабин рецепт (Видео)

Ако сте љубител на вкусен куглоф, овој шарен би можел да ви стане омилен!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 1 коцка квасец
  • 2 јајца
  • шеќер
  • малку сол
  • кора од лимон
  • малку маргарин за премачкување

Состојки за фил:

  • 100 гр ореви
  • 100 гр мак
  • 100 гр чоколаден крем
  • 1 жолчка за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Замесете средно тврдо глатко тесто од наведените потребни состојки, па кога ќе одмори околу половина час развлечете и издвојте 3 топчиња. Секое топче развлечете го во правоаголник. 
  2. Првиот намачкајте го со мелени ореви, вториот со мак, а третиот со крем. 
  3. Освен оној со крем секој правоаголник прво намачкајте го со малку маргарин, па со фил и свиткајте во ролат. 
  4. Намастете куглоф со масло. Прво ставете го ролатот со крем, преку не го со мак, па ролатот од ореви. 
  5. Оставете малку да нарасне, премачкајте со жолчка и печете на 180 степени 45 минути. Послужете откако ќе се излади.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text