Вкусни тестенини подготвени на кинески начин. Ќе бидете воодушевени од богатиот вкус…
Состојки:
- 400 гр шпагети
- 1 пиперка
- 2 парчиња праз
- 125 гр путер од кикирики
- маслиново и сусамово масло
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажици светол соја сос
- 50 гр индиски ореви
Начин на подготовка:
- Згответе и процедете шпагети па прелијте ги со малку маслиново масло. Празот и пиперката исечкајте ги на кругови. Индиските ореви грубо исечкајте ги, па испржете ги на сусамово масло додека не добијат златна боја.
- На маслиново масло пропржете ги шпагетите додека не станат крцкави, а одвоено, во друга тава кратко пропржете пиперка и праз.
- Измешајте путер од кикирики, сок од лимон и соја сос па мешајте додека сосот не стане пенаст. Шпагетите додајте ги во садот со зеленчук, прелијте со сос од кикирики и посипете со индиски ореви.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука