Овој рецепт кога ќе го прочитате сигурно брзо ќе го направите.
Состојки:
- 400 гр. макарони
- 300 гр. шампињони
- шунка
- кашкавал
- кечап
- оригано
- сол
- вегета
Прелив:
- 2 јајца
- 1 шолја јогурт
- сол
Подготовка:
- Макароните се варат во солена вода, се цедат и мијат со ладна вода.
- Се додава на нив ситно сечената шунка, во количина по желба, па кашкавал, кечап и оригано.
- На масло се пржат печурките, се ставаат зачини и се додаваат на макароните.
- Се меша се, па се премачкува огноотпорен сад, се става кечап и се ставаат макароните, па уште малку кашкавал, а потоа се прави преливот од наведените состојки и се става горе.
- Се пече на 200 степени додека не порумени.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: