Месни топчиња со сланина за вистинско уживање…
Состојки:
- 850 гр мелено месо
- 1 јајце
- 1 помала главица кромид, исечкан
- 1 шолја презла
- сол
- бибер
- 1/4 лажичка лук во прав
- тенко исечкана сланина Пекабеско
- стапчиња за ражничи
Начин на подготовка:
- Спојте ги состојките, освен сланината, па направете топчиња. Потоа замотајте ги во кругови сланина и зацврстете ги со стапчиња за ражничи.
- Подгответе решетка, лимот ставете го под неа, наредете ги топчињата и печете ги 40 минути на 220 степени.
- Изберете сос по желба, направете салата и послужете!
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо