Брзо и лесно подгответе вкусни полнети перничиња…
Состојки:
- 250 гр брашно
- 2 лажици масло
- 175 мл вода
- сол
Состојки за полнење:
- 400 гр топло пире од компири
- 250 гр изрендано тврдо сирење по желба
- 2 лажици путер
- 1 главица ситно сечкан кромид
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Измешајте ги состојките за тесто и оставте ги 20 минути.
- Измешајте ги сите состојки за полнење.
- Развлечете го тестото и пресечете кругови со големина од 6-7 см. Во секој круг ставете по лажица полнење. Преклопете го секое парче и добро затворете од страните.
- Ставете го секое парче во врела вода и гответе 4-5 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи