Додека уште не е пеколно топло, направете го најсвкусниот појадок.
Ѓевреци полнети со сирење, ова е рецептот:
Состојки:
- 2 јајца
- 1 шолја кисело млеко
- ½ лажички сода
- 2 лажици масло
- малку сол
- малку шеќер
- 100 гр сирење
- ½ лажички црвен пипер
- оригано
- 500 гр брашно
- масло за пржење
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата со шеќер, сол, црвен пипер и оригано, а киселото млеко се меша со сода па се додаваат.
- Се става и масло и издробено сирење.
- Се става брашното во вангла, се прави дупка, па се става смесата и се меси тесто.
- Се развлекува и се вадат кругови со шолја, па се прават и на средина помали кругови, да добиете форма на ѓеврек.
- Се загрева амсло и се пржат, со внимавање да не загорат.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: