Тиквици полнети со моркови и домати

Тиквици полнети со моркови и домати

Лесно јадење, едноставно за подготовка, идеално за врелите летни денови.

Состојки:

  • 1 кг тиквици
  • 500 гр моркови
  • 2 домати
  • 4 лажици путер
  • 2 лажици брашно
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 1 лажица ситно сечкан копар
  • 1 лажичка сув зачин
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измиените тиквици излупете ги и извадете ја средината. Исчистените моркови изрендајте ги, додајте ситно сечкана средина од тиквиците, излупени и исечкани домати, сув зачин и сечкан копар. Со овој фил наполнете ги издлабените тиквици. 
  2. Со путер премачкајте огноотпорен сад, наредете ги тиквиците, прелијте со тенка запршка и налијте со топла вода, или уште подорбо супа. Гответе на умерена температура околу 40 минути тиквиците да омекнат, а водата да испари. Пред послужување прелијте со кисела павлака.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text