Искористете го омиленото летно овошје и направете кремаст и освежувачки десерт за вашите домашни. Оваа феноменална торта брзо се прави, во неа нема брашно и што е најважно не се пече.
Состојки:
- 1 л млеко
- 2 пудинга од јагоди
- 6 лажици гриз
- 300 гр јагоди
- шеќер
- ванилин шеќер
- 100 гр чоколадо
- 200 гр шлаг крем
- 200 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Directions
- Во 500 мл млеко додајте шеќер по желба, ванилин шеќер, додајте чоколадо и згответе 6 лажици гриз. Ставете во плех намастен со масло.
- Згответе пудинг во останатото млеко со шеќер по желба.
- Пудингот изладете го па измешајте го со разматен шлаг и ставете го на изладениот гриз. Оставете да стегне па додајте разматена слатка павлака.
- Оставете ја тортата во фрижидер 1-2 часа па сечете по желба и послужете.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта