Вкусно јадење за гурмани…
Состојки:
- 4 големи телешки шницли
- 200 гр сирење
- 200 гр кајмак
- 200 гр суво месо
- 1 шолја брашно
- 1 шолја презла
- 3 јајца
- 1 шолја масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Directions
- Шницлите добро исчукајте ги, посолете ги и побиберете ги.
- На средина на секоја шницла ставете кајмак, на него суво месо и парчиња сирење. Краевите на шницлите свиткајте ги кон внатре и свиткајте. Ако мислите дека содржината може да истече, забодете чепкалки во шницлите.
- Ролованите шницли извалкајте ги во брашно, потоа во разматени јајца и на крај во презла.
- Печете на средно силен оган од сите страни додека не поруменат.
- Доколку сакате на крај ролатот можете да го прелите со павлака за готвење или топено сирење.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо