Направете вкусни домашни ролнички со кашкавал.
Неодолив деликатес:
Состојки:
- 1 кг. брашно
- 50 гр. маргарин
- 2 чешни лук
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- 500 мл. млеко
- 50 гр. свеж квасец
- 1 јајце
- кашкавал
Подготовка:
- Се раствара квасецот со шеќер и топло млеко, се остава десетина минути да се активира.
- Се става потоа во брашното, се меси меко тесто со сите состојки, освен кашкавал кој е за фил.
- Се покрива и остава да нарасне.
- Се ренда кашкавалот, се расукува тестото, се става кашкавал, а по желба може да си додадете и нешто друго.
- Се прави ролат и се сече на делови, па се премачкува тава со масло и се редат ролничките.
- Се оставаат уште 20 минути да нараснат.
- Се премачкуваат со јајце и две лажици млеко, се става рендан кашкавал и се печат на 200 степени 20 минути.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми