Решете се од болките во грбот со овој едноставен рецепт

Решете се од болките во грбот со овој едноставен рецепт

Оние кои често патат од вкочанет врат и болки во грбот добро знаат колку може тоа да биде напорно и мачно. Ние ви претставуваме рецепт кој ќе ги „поправи“ вашите зглобови и ќе ги одржи во добра кондиција, а истовремено може да ви помогне да се решите од болките во грбот.

Во најблиската продавница купете 150 грама желатин за јадење, оној кој инаку го користите за колачи. Оваа доза ќе ви биде доволна за еден месец.

Пред да легнете во кревет навечер, ставете две рамни кафени лажици во четврт чаша ледена вода, измешајте додека грутчињата се соединат со водата и оставете го да стои до утрото.

Во текот на ноќта желатинот ќе набабри и ќе се претвори во желе. Таа смеса изедете ја на празен стомак. Нема да го расипите дејството ако ја измешате со сок или јогурт или ако додадете малку шеќер или мед.

Оние кои го пробале овој рецепт велат дека по само недела дена конзумирање од овој лек, болките едноставно исчезнале. Вие земајте го еден месец, а потоа направете шест месеци пауза, и потоа повторете ја целата постапка.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text