Направете вкусни чупави мафини за помалку од 30 минути во кујната.
Состојки:
- 3 јајца
- 150 гр. шеќер
- 125 мл. масло
- 100 мл. млеко
- 280 гр. брашно
- 1 прашок за пециво
Глазура:
- 50 гр. путер
- 25 гр. шеќер
- 70 гр. чоколадо за готвење
- 100 мл. слатка павлака
- 70 гр. кокос
Подготовка:
- Се двојат белките од жолчките и се матат белките со шеќер, па се додаваат едно по едно жолчките и се мати со миксер.
- Се додаваат млеко и масло, половина брашно и прашок за пециво, па останатото брапно и се мати се убаво и се става во калап за мафини, да се пече на 180 степени 20 минути.
- Растопете путер во тава со шеќер, па додајте го искршеното чоколадо, па павлаката и мешајте.
- Нека се лади, па потопете ги оладените мафини и наросете кокос.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Тече чоколадо, а врз него малини
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет