Направете салата со посебно име – Капричоза салата.
Состојки:
- Зелена салата
- 2 краставици
- 3 моркови
- 1 црвена пиперка
- 2 дл. кисела павлака
- магдонос
- 3 лажици вински оцет
- сол и бибер
- масло
Подготовка:
- Во чинија за салата се става измиената и исечена марула, па коцки краставица и пиперка, па морковите изрендани на покрупно.
- Се прави прелив од масло и оцет, сол и бибер и се става врз салатата па се меша.
- Се става на средина павлаката со магдонос.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса