Познатата пејачка Ријана со читателите на Esquire го споделила омилениот рецепт за салата која е хранлива, евтина и брзо се подготвува.
Состојки:
- 100 гр варени леблебии
- 1/2 мала краставица
- 1/2 свеж домат
- 2 парчиња кромид
- сол
- бибер
- 1 лажица маслиново масло
- листови босилек за украсување
Начин на подготовка:
- Потопете ги леблебиите во вода пред да ги зготвите, па термички обработете ги на вообичаениот начин. За рецептот можете да користите и варени леблебии од конзерва.
- Измешајте леблебии со исечкани кромид, свежа краставица и домат.
- Сè заедно добро измешајте, посолете, побиберете и налијте со маслиново масло.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути