Вкусен посен ролат со кокос за Петровденскиот пост

Вкусен посен ролат со кокос за Петровденскиот пост

Ова се супер вкусни колачи за Петровденскиот пост.

Состојки:

  • 200 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • 50 гр чоколадо посно
  • 350 гр мелени посни бисквити
  • 1 кесе инстант кафе разматено со 15 лажички вода
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр кокос

Подготовка:

  1. За темниот дел се матат 50 грма маргарин со шеќер и со рендано чоколадо, па се додаваат бисквитите, па кафе. Се изедначува и се става смесата на фолија и се прави правоаголник.
  2. За светлиот дел се мати останатиот маргарин со шеќер во прав, ванилин шеќер и кокос, па се соединува со рака и се става преку темниот дел.
  3. Се витка ролат и се лади и сече.
  4. Може да декорирате со кокос.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

singlepost_text