Со овој рецепт нема да згрешите: Сочни пилешки крилца

Со овој рецепт нема да згрешите: Сочни пилешки крилца

Рецепт за највкусните и најсочните пилешки крилца…

Состојки:

  • 1 кг пилешки крилца
  • масло
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 1 дл слатка павлака
  • 3 лажици сенф
  • црни и зелени маслини
  • 2 жолти пиперки
  • 4 кругови домат
  • 4 кругови краставица
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Крилцата кратко пропржете ги во сад со загреано масло да поруменат од двете страни. Ставете малку вода, садот преклопете го и динстајте месото да омекне. 
  2. Крилцата префрлете ги во огноотпорен сад со сокот од динстањето. Измешајте слатка павлака, сенф, рендан кашкавал, сол и бибер, па прелијте ги крилцата. 
  3. Ставете да се печат 15 минути на 200 степени. Пред сервирање крилцата посипете ги со сечкан магдонос и послужете ги со црни и зелени маслини, пиперки, кругови домат и краставица.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text