Направете вкусно летно јадење со многу зеленчук во тава.
Состојки:
- 14 зелени пиперки
- 1 пиперка црвена
- 500 гр компир
- 2 моркови
- 1 кромид
- 3 јајца
- бибер
- сол
- вегета
- црвен пипер
Подготовка:
- Се сече зеленчукот на коцки откако ќе се измие и излупи, освен зелените пиперки.
- Се пржи кромидот со морков, се додава малку црвен пипер, ситно сечен компир и сите зачини.
- Добро се меша, па се полнат пиперките со смесата, се ставаат во тава, а останатата смеса се реди до нив.
- Се става малку вода и се пече на 200 степени 40 минути.
- Пред крај прелијте ги пиперките со изматени јајце, а може да си ставите и кашкавал, па допечете десетина минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт