Њоки со сос од печурки се вистински избор за ручек. Лесно се подготвуваат, а вкусот воодушевува!
Состојки:
- 1 кг њоки
- сол
- 1 вреќичка крем супа од печурки со маслиново масло
- 300 мл вода
- 100 мл павлака за готвење
- 1/2 лажичка оригано
- 1 лажичка коњак
- 40 гр тврдо сирење
- 1 лажичка исечкан магдонос
Начин на подготовка:
- Содржината од вреќичката крем супа ставете ја во 300 мл млака вода и мешајте додека супата не зоврие.
- Гответе на слаб оган пет минути непрекинато мешајќи. Пред крај додајте павлака за готвење, оригано и коњак.
Њоките згответе ги во благо посолена вода. Топлиот сос прелијте го преку њоките, посипете со сирење, магдонос и послужете.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука