Повкусни модри патлиџани не сте пробале. Ручек за оцена дест, супер за тартар или друг сос.
Состојки:
- 3 модри патлиџани
- 400 гр излупени домати
- 3-4 чешни лук
- масло за пржење
- сол
- вегета
- магдонос
- 1 лажиче шеќер
- брашно за валкање
Подготовка:
- Се лупи модриот патлиџан и се сече на кругови, па се ставаат во тава, се става сол и ладна вода колку да се прекријат.
- Нека стојат 20 минути така.
- Измијте ги и исушете ги на крпа за кујна, па загрејте масло.
- Ставете ги модрите патлиџани во брашно од двете страни, па испржете ги.
- Ставете ги ги доматите исечени на дното на тава за печење, ставете ги модрите патлиџани горе, па и остатокот од доматите.
- Ставете зачини, шеќер и пола шолја вода.
- Печете на 200 степени додека не изврие водата, а декорирате со магдонос.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа