Кекс колач со јагоди и ванила: Кремаст десерт за топлите денови

Кекс колач со јагоди и ванила: Кремаст десерт за топлите денови

Лесен десерт кој едноставно се прави, без печење!

Состојки за фил од ванила:

  • 5 дл млеко
  • 2 кесички пудинг со вкус на ванила
  • 7 лажици шеќер
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 200 гр путер

Состојки за фил од јагоди:

  • 0,5 л вода
  • 200 гр шеќер
  • 500 гр јагоди
  • 2 кесички пудинг со вкус на јагоди

Останати состојки:

  • 300-400 гр бисквити
  • 300 мл слатка павлака за декорација

Начин на подготовка:

  1. Растворете го пудингот од ванила со малку млеко, а остатокот ставете го во длабоко тенџере, додајте шеќер и екстракт од ванила па ставете да се готви. Кога млекото ќе почне да врие измешајте растворен пудинг и згответе во густ крем. Тргнете од шорет и изладете. Путерот пенасто разматете го па составете го со изладениот пудинг. 
  2. Пудингот од јагоди растворете го со малку вода. Јагодите изгмечете ги и ставете ги во длабоко тенџере со шеќер и остатокот од водата па ставете да се готват. Кога шеќерот ќе се растопи додајте растворен пудинг и згответе крем. Тргнете од шпорет и изладете. 
  3. Бисквитите поделете ги на три дела како би добиле три кори. На тацна за торта наредете бисквити потопени во млеко, преку ставете фил од ванила, па фил од јагоди. Наредете втор ред бисквити, па повторете ја постапката со филување. Наредете трет ред бисквити, па филови. Слатката павлака изладете ја, пенасто разматете ја и нанесете преку колачот.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text