Направете вкусен ручек со компири, кој има супер арома.
Брзо и лесно, ова е рецептот:
Брзо и лесно, ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр компири
- 100 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 100 гр зденки
- 2 јајца
- 2 струка млад лук
- сол
- масло
Подготовка:
- Се мие компирот и се вари, па се лупи и мие со ладна вода. Се пасира.
- Се сече ситно младото лукче, се сече и шунката и зденките, па се додава се во компирот.
- Се ставаат јајцата и сол, па се меша додека не се добијат ќофтиња.
- Се редат во плех за печење со масло и хартија.
- Се печат на претходно загреана рерна на 200 степени додека не добијат кора и златна боја.
- Горе ставете им кашкавал пред крај на печење и оставете уште 5 минути да се растопат во рерна.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи