Еве зошто треба да јадете чинија супа секој ден

Еве зошто треба да јадете чинија супа секој ден

Многумина од нас јадат на брзина и не посветуваат доволно време на ручекот. Супата некогаш била неизоставен дел од секој ручек. Откако ќе го прочитате овој текст повторно ќе ја вратите супата на вашата трпеза.

Топлата супа за вашето тело има повеќе предности – освен што е вкусна и закрепнувачка, таа ви помага и за време на оброкот во својот организам да внесете помалку калории.

Истражувањата покажале дека лицата кои консумираат бистра супа со зеленчук пред главното јадење внесуваат до 20 отсто помалку калории отколку оние кои не ја консумираат.

Една чинија супа содржи многу малку калории, а обезбедува петина од препорачаниот дневен внес на зеленчук.

Супата помага кај настинки, но исто така е добар извор на течности, со што се спречува дехидрација. Исто така, супите се значаен извор на влакна па дури и протеини, минерали и витамини.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text