Колач со вишни и јогурт: Совршен и едноставен десерт

Колач со вишни и јогурт: Совршен и едноставен десерт

Освежувачки колач подготвен по стар рецепт…

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 3 јајца
  • 120 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 2-3 лажици јогурт
  • кора од лимон
  • 100 гр лешници или бадеми
  • 1/2 кг исчистени зрели вишни (засладени)
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Обложете калап со хартија за печење.
  2. Пенасто разматете жолчки, шеќер и путер. Додајте брашно измешано со прашок за печиво, јогурт и изрендана кора од лимон па сè измешајте.
  3. На крај разматете снег од белки па со лажица нежно со мелените лешници измешајте го во смесата.
  4. Излејте ја смесата во подготвениот калап и распоредете вишни по површината.
  5. Печете го колачот 25-30 минуит на 200 степени додека не поприми златножолта боја.
  6. Кога ќе се излади, по желба посипете го со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text