Оригинален рецепт: Италијански сос од домати

Оригинален рецепт: Италијански сос од домати

За надополнување на вкусот на сите омилени италијански специјалитети…

Состојки:

  • 5 кг домати
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 2 главици кромид
  • поголем целер
  • магдонос
  • мајчина душица
  • маслиново масло
  • сол
  • конзерванс

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги доматите и исечкајте ги на половина. Исчистете ги и исечкајте ги морковите, целерот и кромидот и сè ставете во сад. Додајте иситнет лук, мајчина душица, магдонос и два часа гответе на умерен оган. Потоа испасирајте и гответе уште еден час. Дури тогаш додајте сол и конзерванс. 
  2. Врелиот сос ставете го во тегли, а кога ќе се излади, прелијте со маслиново масло и затворете.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт