Домашен е највкусен: Сладолед со кекс

Домашен е највкусен: Сладолед со кекс

Разладете се со неодолив сладолед со кекс…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 500 мл слатка павлака
  • 50 парчиња плазма кекс

Начин на подготовка:

  1. Разматете слатка павлака во цврст снег. Одвојте ги жолчките од белките. Разматете цврст снег од белки. Додајте лажица по лажица шеќер, ванилин шеќер па една по една жолчка. Добро разматете. 
  2. Бисквитите издробете ги (не ги ситнете сосема бидејќи токму парчињата кекс се она што е најинтересно во овој сладолед) и додајте ги во смесата. Потоа, мешајќи со лажица, добиената маса измешајте ја со разматена слатка павлака во компактна маса. 
  3. Добиениот сладолед ставете го во пластичен сад погоден за замрзнувач. Нека биде во замрзнувач барем 12 часа пред послужување.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text