Нека вашата кујна замириса на италијански вкусови…
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 пакување канелони
- 3 чешниња лук
- 2 лажици масло
- 2 дл доматен сос
- 70 мл павлака за готвење
- 200 гр гауда сирење
- 1 лажичка суво оригано
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкан лук па додајте месо. Пржете до половина и оставете да се излади.
- Со смесата полнете канелони и редете ги во намастена тепсија.
- Во тава ставете неколку лажици масло и пропржете брашно. Додајте доматен сос и павлака за готвење.
- Прелијте ги канелоните и печете ги покриени во рерна загреана на 175 степени 45 минути.
- Откријте ги, посипете со рендано сирење и уште кратко запечете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство