Идеја за ручек: Шницли во доматен сос

Идеја за ручек: Шницли во доматен сос

Едноставно и вкусно јадење, совршен ручек за целото семејство!

Состојки:

  • 500 гр јунешки шницли
  • 1 лажица сенф
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 1 домат
  • 300 мл доматен сос
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • 1/8 лажичка изрендано мускатно оревче
  • сол
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Јунешките шницли подгответе ги ден претходно. Исчукајте ги и истријте ги со масло од сите страни. Додајте лук во прав, бибер и сенф, потоа ставете ги во сад и затворете со пластична провидна фолија. Оставете во фрижидер да отстојат преку ноќ. 
  2. Подгответе подебела голема тава за пржење, загрејте масло и печете ги шницлите по две минути од двете страни, потоа намалете ја температурата и прелијте ги со доматен сос и неутрална павлака.

     

  3. Додајте сечкани домати. Оставете сè да крчка додека месото сосема не омекне. Пред крај посолете по вкус.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text