Ако имате вишок белки после подготовка на торта или колач, најдобар начин да ги искористите е од нив да направите крцкави и вкусни целуфки.
Состојки:
- 2 белки
- 200 гр шеќер
- 1 лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
- Разматете белки, па полека додавајте шеќер и сок од лимон и матете со миксер 6-7 минути, да добиете цврст снег.
- Со лажица или шприц вадете целуфки и редете ги на плех обложен со хартија за печење. Сушете ги на 130 степени околу 1 час.
- Целуфките кога ќе се испечат мора да бидат многу лесни и суви.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега