Солени полнети палачинки на ориентален начин…
Состојки:
- 1,5 кг брашно
- 250 мл свежо млеко
- 1 лажица масло
- 1 лажица оцет
- 1 лажица сол
- 500 гр сирење
- 8 јајца (4 варени, 4 свежи)
- малку вода
Начин на подготовка:
- Брашното просејте го, направете дупка во средина и додајте 2 јајца. Додајте сол, оцет и масло и измешајте. Постепено додавајте свежо млеко, малку вода, па замесете еластично тесто.
- Тестото поделете го на еднакви топки и развлечете со сукало во тенки кори. Варените јајца иситнете ги и измешајте ги со сирење. Додајте ги останатите 2 јајца и измешајте.
- Од готовиот фил посипете по средина на развлечена кора. Преклопете ги спротивните краеви на кората, повторно посипете со фил и преклопете ги другите краеви, така се добива нешто налик кеса. Така подготвеното ѓозлеме пржете го во загреано масло од двете страни.
Добар апетит!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега