Здраво, брзо и вкусно јадење…
Состојки:
- 4 тиквици
- 1 помала главица кромид
- 1/2 конзерва домати пелати
- 300 гр моцарела
- 6 шери домати
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Тиквиците измијте ги и пресечете ги на половина. Издлабете ја внатрешноста и исечкајте ја ситно.
- На тава пропржете кромид и додајте парчиња тиквица.
- Додајте доматен сос и динстајте додека не испари вишокот вода.
- Со смесата наполнете ги тиквиците па посипете ги со рендана моцарела.
- Доматите исечкајте ги па наредете ги на моцарелата. Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи