Направете ги најмеките тиганици кои ќе ви останат во сеќавање.
Брзо и лесно, ова е рецептот:
Состојки:
- 3 лажици кисело млеко
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 јајце
- малку сол
- 3 лажици масло
- 50 гр сирење
- 50 гр рендан кашкавал
- лук во прав
- 3 лажици брашно
- масло
Начин на подготовка:
- Во три лажици кисело млеко се додава прашок за пециво, масло, сол и лук во прав.
- Се меша и се додава изматено јајце, издробено сирење, нарендан кашкавал и лажица по лажица брашно.
- Се вадат тиганици со лажица и се пржат на загреано масло од двете страни.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми