Шведски леплив колач кој освојува на првиот залак (Видео)

Шведски леплив колач кој освојува на првиот залак (Видео)

Брз и евтин колач, совршен за секој ден!

Состојки:

  • 300 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • 50 гр какао во прав
  • прстофат сол
  • 120 гр растопен путер
  • екстракт од ванила
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте јајца и шеќер додека не добиете компактна бледо жолта смеса. 
  2. Додајте брашно, какао и сол и добро измешајте. Измешајте путер и ванила. 
  3. Премачкајте го плехот за печење со путер и по него посипете какао во прав. Прелијте ја смесата во плехот за печење. 
  4. Печете 20 минути, додека површината не стврдне, а средината треба да остане мека. 
  5. Готовиот колач посипете го со шеќер во прав и по желба додајте шумско овошје.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text