Брз џем од јагоди по единствен рецепт (Видео)

Брз џем од јагоди по единствен рецепт (Видео)

Јагодите можат да се консумираат на многу начини. Некои ги јадат свежи, некои прават сок, слатко или џем од нив.

Денес ви донесуваме рецепт за сладок намаз од јагоди кој се подготвува за миг!

Состојки:

  • 1 кг јагоди
  • 600 гр шеќер
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Јагодите добро измијте ги, исчистете ги, па во тенџере редете ред јагоди, ред шеќер и така со ред, оставете да отстојат барем еден час и ставете на шпорет. Гответе на најјака температура околу 30 минути.

     

  2. За време на готвењето тргајте ја пената. Кога јагодите ќе бидат пред крај, додајте сок од лимон и тргнете го тенџерето од оган. Ставете го намазот во тегла и затворете ја со метален поклоп, па теглата свртете ја наопаку и оставете ја да отстои до наредното утро.

Послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text