Банана торта за која нема да вклучите рерна – евтин десерт

Банана торта за која нема да вклучите рерна – евтин десерт

Направете вкусен десерт со банани и вкусен крем.

Ова е рецептот за торта со банани:

Состојки:

  • 350 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • кутија пишкоти

Крем:

  • 2 пудинга од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 л млеко
  • 250 гр маргарин
  • 6 банани

Подготовка:

  1. Се мешаат во сад оревите со мелени бисквити, шеќер и растопен маргарин, па се става смесата во ладилник да се стегне малку.
  2. Кога ќе се олади се стиска и се дели на два дела, едниот се остава на дното на калап и убаво се стиска, а другиот е за подоцна за врв на тортата.
  3. За кремот се мешаат пудингот со шеќер и брашно, густин. Со малку млеко. Се става се во останатото млеко и се вари, а кога ќе се олади се додава маргаринот да се измеша убаво.
  4. Се премачкува на кората дел од кремот, се ставаат пишкоти натопени во млеко, па крем, па кругови банани. Потоа пак пишкоти, па крем, па банани и другиот дел од пандишпанот.
  5. Се декорира по избор, најубаво е со шлаг.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

 

singlepost_text